Дома · Поставувани прашања

Често поставувани прашања

Сè што родителите најчесто нè прашуваат за Монтесори методот и нашата куќа за деца.

1 Зошто децата кај вас подобро управуваат со своите емоции?
Бидејќи почитта, трпението и активното слушање се дел од секојдневието. Не се работи само за „добро однесување“, туку за тоа детето да научи да ги разбере своите чувства, да ги препознае и свесно да одговори на нив.
2 Зошто средината е толку структурирана?
Во автентична Монтесори средина сè има свое место и причина. Структурата му помага на детето да се чувствува сигурно, полесно да се снаоѓа, да стане понезависно и да развива чувство за ред и одговорност.
3 Зошто раката е инструмент на интелигенцијата?
Кога детето работи и манипулира со предмети, ги активира меморијата, сетилата и допирот. Свесните и намерни движења го зајакнуваат нервниот систем и ја насочуваат неговата енергија.
4 Можат ли децата да прават што сакаат секогаш?
Во Монтесори средината слободата и структурата се во рамнотежа. Детето има слобода на избор, но во јасно подготвена средина со материјали за развој.
5 Како вашите деца се прилагодуваат во училиште?
Нашите деца брзо се прилагодуваат во училиште затоа што уште во рана возраст развиваат внатрешна мотивација за учење, самодоверба, концентрација, критичко размислување и саморегулација.
6 Зошто се викаат материјали, а не играчки?
Монтесори материјалите не се играчки затоа што не се едноставни предмети — тие се вистински тивки водачи, мајстори што го водат детето во неговиот развој.

Не го најдовте одговорот?

Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања лично.

Контактирајте нè