Дома · Монтесори родителство

Монтесори родителство

Градиме здрави врски меѓу детето и родителот. Со трпение, разбирање и љубов ги учиме децата да ги препознаваат и регулираат своите емоции — чекор по чекор.

Позитивно родителство

Вознемиреност и тантруми кај деца од предучилишна возраст

Разбирање и поддршка преку Монтесори пристап — пример како градиме социо-емоционална интелигенција во Изворче-Монтесори.

  • Зошто моето дете е вознемирено?
  • Зошто не можам никаде да одам без да плаче?
  • Зошто моето дете не ме слуша?
  • Зошто има излив на силни негативни емоции?
  • Како да постигнеме здрава покорност?

Зошто казните не помагаат?

Кога детето е во тантрум, неговиот мозок е во состојба на емоционален „пожар“. Казните, викањето или срамот само ја зголемуваат тензијата. Наместо тоа, емпатијата и границите поставени со љубов градат доверба и сигурност. Детето учи дека е во ред да чувствува — но дека постојат прифатливи начини да ги изрази тие чувства.

Разбирање, прифаќање и поддршка

Сите родители и воспитувачи ги познаваат тие моменти — солзи, викање, трескање врата или паѓање на подот. Но вистината е дека тантрумите не се лошо однесување — тие се начин на комуникација. Малите деца сè уште не знаат како да ги контролираат силните емоции; нивниот мозок е во развој, па кога ќе се почувствуваат фрустрирани, преплашени или уморни, реакцијата е бурна.

Тантрумот е интензивна емоционална реакција кога детето е преплавено од чувства што не знае како да ги изрази — гнев, фрустрација, разочараност, умор или глад. Од перспективата на Монтесори, ваквите моменти не се „непослушност“, туку можност за учење и развој на емоционалната интелигенција.

Тантрумите најчесто произлегуваат од:

  • Потреба за автономија — детето сака само да направи нешто, но не успева
  • Промени во рутината — ненадејни прекини или транзиции
  • Преголема стимулација — премногу звуци, луѓе или активности
  • Неисполнета основна потреба — глад, замор, жед или потреба за внимание

Практични насоки

  1. Останете смирени. Вашата смиреност е сидро за детето. Ако вие се вознемирите, детето ќе се чувствува уште понесигурно.
  2. Признајте го чувството. Наместо „Престани да плачеш!“, кажете: „Гледам дека си вознемирен/а затоа што сакаш да продолжиш да играш.“
  3. Создадете „безбеден простор“ за изразување. Тивок агол со перниче, кукла, книга или сет за сензорно смирување.
  4. Понудете избор. И едноставна одлука („Сакаш прво да се измиеш или да се пресоблечеш?“) дава чувство на контрола.
  5. Разговарајте по смирувањето. „Што мислиш, што ти помогна да се чувствуваш подобро?“ — така го градите разбирањето за сопствените емоции.
Развој и независност

Зошто детето често кажува „не“ — и зошто е тоа важно?

Кога детето повторува „не“, тоа е сосема нормално — и колку почесто, толку подобро за неговиот развој.

  • Зошто моето дете повторува „не“?
  • Зошто одбива понудена играчка или активност?
  • Зошто плаче дури и кога го гушкам?
  • Како да имам трпение во моменти на криза?

На оваа возраст детето сè уште не знае многу зборови и не може да објасни дали сака или не сака нешто. „Не“ е тест за нас возрасните и чекор кон независност — преку „не“ детето гради автономност и самостојност. Дете на 2 години знае околу 50 збора, а „не“ е најчесто употребуваниот.

Кога детето кажува „не“, тоа тестира граници. Штом ќе примети дека има моќ над возрасните и дека „не“ е волшебен збор, започнува неговата самостојност — само бира што, кога, каде и колку. Ние само треба да го следиме. Неговите неврони се наше огледало; тие учат преку имитација, па со секое „не“ детето вежба како да се однесува во различни ситуации.

Од перспективата на Монтесори, ваквите моменти не се „непослушност“, туку можност за учење и развој на емоционалната интелигенција.

Практични насоки

  1. Давајте избори. „Сакаш сокче и пита или млеко и бисквит?“ — барем едно од понудените нема да биде „не“. Ако одбие, обидете се повторно по 15 минути.
  2. Охрабрувајте независност. Дајте им време да вежбаат да облечат или соблечат чорапче. Кога е фокусирано и упорно — останете настрана. Тие се бавни, минијатурни верзии на возрасен.
  3. Давајте искрени комплименти. Наместо „браво“, кажете: „Денес навистина беше гладен — апетитот ти беше голем. Сега кога имаш сила, дали сакаш да ми помогнеш да ја ставиме чинијата во мијалникот?“ Кажувајте „да“ за да им стане дел од речникот.
Видете што велат родителите

Зборови од нашите семејства

Благодарам што не сте само воспитувачи, туку и херои во детството на нашите деца. Со вашата топлина, трпение и неизмерна љубов градите сигурни мали светови во кои тие растат во самостојни, самоуверени и љубопитни личности. Задоволство беше да се биде дел од ова семејство.

Елена Димов

Изворче Монтесори е најдобриот избор кој го направивме за нашите две деца. Основите на интелектуалноста и љубопитноста, емпатијата и солидарноста кои ги стекнаа тука, се нешто што засекогаш ќе живее во нив. Благодарност до сите кои со љубов и посветеност го создаваат ова посебно место за растење.

Ивана Митиќ Јаневска

Ви благодариме за инспиративниот начин на кој ги водите децата. Да ја видиме како со самодоверба, сигурност и ентузијазам учи и вежба за проектот е најубав доказ за вашата посветеност. Тоа што го правите се гледа во децата — полека растат во самоуверени, самостојни и способни личности.

Марина Георгиева

Имате прашање за родителството?

Нашиот тим — психолог со експертиза за Гешталт и трансакциона терапија, и нашите воспитувачи — е тука за поддршка.