- Пред повеќе од 27 години тргна кон својата мисија — да овозможи квалитетно образование за децата во периодот кога најмногу ги развиваат своите капацитети.
- Дипломиран психолог од една од првите генерации на Филозофскиот факултет во Скопје; подоцна се стекнува со диплома по Гешталт психотерапија.
- Во 1996, со поддршка на OPERA NAZIONALE MONTESSORI на Италија, беше меѓу првите што го започнаа Монтесори во Македонија (запишано во весникот „Vita dell'Infanzia“).
- Во 2007 градинката беше прогласена за модел на предучилишна установа за Југоисточна Европа; предавала на 5 универзитети во 5 земји.
- Денес е целосно посветена на децата од нашата градинка.
Дома · За нас
Нашата приказна, нашата куќа за деца
Изворче-Монтесори е автентична, акредитирана и почитувана приватна градинка во Скопје — Првата Куќа за деца во Република Северна Македонија. Приказната започна во 1991 година.
35 години посветеност
Приказната започнува како вон-системско образование на деца од предучилишна возраст.
По посета на „Opera Nazionale Montessori“ во Рим — единственото автентично тело за Монтесори едукација во Италија — го прифативме и започнавме со проучување и примена на Монтесори методот.
Светот славеше 100 години Монтесори едукација. М-р Елена Марковска беше амбасадор на Изворче-Монтесори и на Југоисточно Европската Монтесори Асоцијација, на престижен настан во Амстердам — седиштето на Монтесори Интернационалната Асоцијација. Монтесори фабриката од Италија донираше автентични материјали за Центарот за обука.
Едукацијата продолжи во САД. Во соработка со Интернационалниот Монтесори Совет, м-р Елена Марковска потпиша договор за консултант. Истата година е објавена монографијата „Изворче-Монтесори, Првата Куќа за деца во Македонија“.
За потребите на Југоисточно Европската Монтесори Асоцијација издадовме комплет учебници за обука на воспитувачи, учители и родители — признаени од еминентни тренери од Италија, Холандија и САД. Програмата ја заштитивме во Патент Центар.
Министерството за труд и социјална политика го прифати нашето барање и нè призна како единствена и автентична Монтесори Куќа за деца — термин што д-р Марија Монтесори го предложила за установи за деца од 2 до 6 години. Признанието го заслуживме по 3 меѓународни акредитации.
Изворче-Монтесори стана место за практична и теоретска обука — не само за лица од Северна Македонија, туку и од Турција, Србија и Бугарија. Веќе 7 години правиме летни школи и редовни обуки.
М-р Елена Марковска доби диплома за Монтесори едукација за адолесценти и стана една од ретките носители на сите 4 развојни циклуси (3–6, 6–9, 9–12, 12–18 години).
Започна докторски студии на Универзитетот во Хјустон, а паралелно е докторант на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Се стекна со сертификат за Монтесори Лидер издаден од АМИ и верификатор на автентичност за акредитирани Монтесори програми.
М-р Елена Марковска слави личен јубилеј — 20 години во Монтесори едукација — и го доби највисокото признание: обучен On-Site Verifier со експертиза во евалуација на Монтесори образовни програми.

Куќа за деца, единствена во Македонија
- Работиме по автентична и акредитирана Монтесори програма (АМИ)
- Тим од високо едуцирани професионалци
- Едукатор кој меѓународно обучува водителки за работа со деца од 0–18 години
- Вклучени сме во меѓународни проекти и соработки
- Индивидуален пристап за секое дете
- Богата програма и развојни материјали
- Го следиме целокупниот развој: когнитивен, емоционален и академски
Запознајте ги нашите едукатори
Тимот едукатори брои 10 члена, од кои некои се веќе деценија со нас. Сите воспитувачки се со базична Монтесори едукација. Секое лето одржуваме предавања за најновите достигнувања во раниот детски развој, а обуките ни се признаени од центри во Лондон, Милано, Стокхолм, Канада и САД.
- Монтесори едукатор за нивоата 3–6 и 6–9 години; потврдена од Северно-Американската Асоцијација како програмски координатор и едукатор.
- Од 2014 претседател на Југоисточно Европската Монтесори Асоцијација.
- Ја претставувала Монтесори педагогијата на педагошките факултети во Скопје, Сандански (Бугарија) и Елбасан (Албанија).
- Пренесува искуства од Монтесори едукацијата од Канада, САД и Мексико.
- Носител на АМИ дипломи за едукација од 3–18 години и за Лидер. Во 2026 слави 20 години во Монтесори едукација и е обучен On-Site Verifier. Докторант во САД и во Македонија.
- Самостојност, независност, лидерски и организациски искуства
- Силна самодоверба, фокус и интерес за разни активности
- Препознавање и изразување на чувствата (емоционална интелигенција)
- Комуникација и социјална интелигенција — емпатија и здрави односи
- Солидна база за академско учење, ЅTEM и основен англиски јазик
- Груба моторика и телесен развој преку танц, балет и фискултура
- Индивидуален профил и развивање на сопствените таленти
- Редовни индивидуални средби со едукатори (психолог и воспитувачи)
- Едукација и поддршка за успешно и среќно родителство
- Настани каде што родителите се запознаваат меѓусебно и со тимот
- Заштеда на пари за дополнителни активности — сè е тука
- Заштеда на време — повеќе квалитетно попладне со вашето дете
Дел од голема Монтесори приказна
Сакате да дознаете повеќе или да го запишете вашето дете? Со задоволство ќе ве запознаеме со нашата куќа за деца.