35 ГОДИНИ Заедно растеме

Развиваме млади умови преку игра

Добредојдовте во Изворче-Монтесори. Едукација на деца во автентична Монтесори средина — развивање на независно, љубопитно дете кое сака да учи и само да го открива светот околу себе.

„Децата учат преку игра — играта за нив е учење.“

Деца играат со шарено падобранче во градинката
Дете сади растение во градината
Дете слика на штафелај на отворено
35
години искуство
1991
од оваа година
АМИ
акредитирана програма
1ва
Куќа за деца во Македонија
Светла Монтесори училница со подготвена средина
Нашата визија

Самоуверени, независни и мирољубиви деца

Во Изворче-Монтесори развиваме деца со внатрешен мотив за учење, со висока концентрација, креативни и љубопитни — од неполни 2 до 6 годишна возраст.

Монтесори пристапот е индивидуален: за секое дете водиме досие врз основа на опсервации и набљудување, и го водиме да постигне подлабоки интереси и целосен хармоничен развој. Акцент се става и на откривање и развивање на талентот на секое дете.

За најдобро видливи резултати, препорака е детето да престојува 3, евентуално 2 години.

Што развиваат децата

Пет полиња на раст и развој

Целокупниот развој на детето — когнитивен, емоционален и академски — го следиме и поддржуваме преку богата програма и автентични развојни материјали.

01

Социо-емоционален раст

Заедно со родителите градиме стратегии најсоодветни за детето. Преку индивидуални средби учиме како да изградиме хармонија и да ги препознаваме чувствителните нивоа и развојни специфики на детето.

02

Практичен — секојдневен живот

Развивање на самостојност и независност, грижа за околината, социјални интеракции, позитивни карактерни особини, мирољубивост и културен начин на комуникација, грижа за растенија и животни.

03

Јазик и јазични способности

Преку секојдневни интеракции децата вежбаат правилен изговор, учат нови зборови и како да се изразуваат. На 4 години почнуваме со описменување, а на 5,5 секое дете веќе чита и пишува едноставни реченици.

04

Математика

Математиката ја учат преку игра и со помош на Монтесори материјали. Аритметиката и геометријата се дел од активностите со конкретни материјали: симболите на броевите и основните операции.

05

Наука

Општествените и природните науки се интегриран дел од нашата програма — основа за љубов кон откривањето, ЅTEM активностите и разбирањето на светот.

+

Англиски, балет и танц

Основна конверзација на англиски преку игри и песнички, а грубата моторика и телесниот развој ги негуваме преку танц, балет и фискултурни вежби.

Деца истражуваат Монтесори материјал заедно
Зошто Монтесори?

Добар избор за вашето дете

Со правилна примена на Монтесори методот во автентична средина, каде детето се развива во граници на дозволена слобода, тоа ќе развие:

  • Автономија и внатрешна мотивација за учење
  • Чувство на одговорност, емпатија и лидерство
  • База за доживотно учење и истраен карактер
  • Способност да процени што е добро за него
  • Почит и изразување на сопствените потреби
  • Критички начин на размислување
  • Програма за напреден раст и развој
  • Поддршка на позитивно родителство
Учиме преку игра

Изгради ја Розовата кула 🌸

Розовата кула е еден од најпознатите Монтесори материјали. Подреди ги коцките од најголемата до најмалата — повлечи ги на местото и изгради ја кулата!

Розова кула

Повлечи ја секоја коцка во кулата по редослед — најголемата најдолу. Можеш и да кликнеш на коцка за да ја поставиш.

Погледни ја галеријата
Еден ден кај нас

Како тече адаптацијата и денот

Работното време е од 07:00 до 17:00. Адаптацијата тече благо, нежно и спокојно — вообичаено трае околу 5 дена, започнувајќи во договорен понеделник во 9 часот.

07:00–09:00

Пристигнување и појадок

Прием на децата, појадок и започнување со активностите од подготвената средина, уредена според стандардите на д-р Монтесори.

09:00–11:30

Непрекинат циклус на едукација

3-часовен непрекинат работен циклус со материјалите, освен мала пауза за првата ужинка од овошје.

11:30–12:30

Движење и тело

Програмата продолжува со групни вежби, фискултура, танц или телесен развој, по престој на отворено.

12:00–14:00

Ручек и одмор

Ручекот за малите е пред 12 часот; потоа одмор — спијат само децата кои имаат потреба од дневен одмор.

15:00–17:00

Читање, творештво и англиски

Групни или индивидуални активности за читање и креативно изразување, како и базично изучување на англискиот јазик до заминувањето на децата.

Најдобри периоди за упис: Август, Октомври, Декември и Март.

Дозволете му на вашето дете да расте со нас

Информативните разговори за упис ги вршиме после 17 часот, со присуство на родителите и детето. Пишете ни — со задоволство ќе ви раскажеме повеќе.